HomeДЕНЕШНАРегионВознемирувачко видео: Објавена снимка од фаталниот скок на Словенецот во Дрина

Вознемирувачко видео: Објавена снимка од фаталниот скок на Словенецот во Дрина

Словенецот, Андреј Беуц скокнал во водите на реката Дрина, но повеќе не испливал на површината. Беуц скокнал вчеравечер од мостот Крал Александар Караѓорѓевиќ во Зворник. Објавена е снимка на која се гледа дека по скокот, неколку пати се обидел да исплива. Спасителите веднаш се обиделе да му помогнат, но силните и брзи струења во реката Дрина биле посилни. Веднаш почнала потрага, но за жал без позитивен исход.

Организаторите ги преземале сите неопходни активности како ова случување би протекло онака како што треба. Исто така, јавноста е известена дека секој скокач пред скоковите потпишува изјава дека скока на своја одговорност, а и сите скокачи биле запознаени со временските прилики во Зворник. Откако телото ќе биде пронајдено и надлежните органи ќе ја обават истрагата, ќе се знае и вистинската причина за смртта.

Вознемирувачко видео:

Инаку, Дрина важи за „непредвидлива“ река полна со вирови и силни подводни струи кои можат „да однесат“ човек и додека тој стои во плиткото.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com