HomeДЕНЕШНАСветВознемирувачки: Опозицијата поддржана од САД отсече глава на мало дете

Вознемирувачки: Опозицијата поддржана од САД отсече глава на мало дете

На социјалните мрежи кружи видео снимка во која се гледа како сериските бунтовници ја отсекуваат главата на едно дете, откако го заробиле северно од вториот по големина сириски град Алепо, соопштила вчера Сириската опсерваторија за човекови права. На снимката се гледа како 11-годишното момче лежи позади во камионет, а потоа еден борец му ја отсекува главата, пренесува агенцијата AFP.
dete-siriija-obezglaveno-02
Еден бунтовник вика “Нема да оставиме никого во Хандарата”, град северно од Алепо, во кој се одвиваат борби помеѓу сириските бунтовници и силите на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Бунтовниците кои го извршиле ова ужасно злосторство припаѓаат во “умерената” опозициска група “Харакат Нур ал-Дин ал-Зенки”, кои ги поддржува САД. Опсерваторијата, со седиште во Лондон, потврдила дека снимката се бунтовници.
dete-siriija-obezglaveno-01
Во другиот дел од видео снимката, снимена пред убиството, околу детето седат борци кои го обвинуваат дека е припадник на бригадата Ал Кудс, палестинска група која се бори на страната на режимот. Организацијата за човекови права “Amnesty International” на почетокот на јули објавила извештај во кој наведува дека исламските бунтовници и џихадистите во Сирија извршиле воени злосторства и ги обвинуваат тие групи за “ужасен бран киднапирања, мачења и масовни убиства”.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com