HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-НП со поддршка за судската администрација, бара оставка од министерот за правда

ВМРО-НП со поддршка за судската администрација, бара оставка од министерот за правда

Општинските комитети на ВМРО-Народна партија од Тетово, Гостивар и Дебар реагираат на, како што наведуваат, противуставната и противзаконската одлука на судскиот-буџетски совет за исплата на намалени плати за 40 отсто на вработените во судската администрација кои штрајкуваат веќе два месеци и бараат итна оставка од министерот за правда, Валдет Џафери.

„Се прашуваме зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи во однос на овој голем проблем кој по се изгледа ќе се развлекува и понатаму?

Општинските комитети на ВМРО-Народна партија од Тетово, Гостивар и Дебар упатуваат безрезервна поддршка за штрајкувачите од Синдикатот на УПОЗ и нивните барања за зголемување на додатоците на плата за 35%“, стои во соопштението на ОК на ВМРО-Народна партија Тетово.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com