HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-НП: Собранието да донесе амандмани со кои ќе се потврди уставноста на СЈО

ВМРО-НП: Собранието да донесе амандмани со кои ќе се потврди уставноста на СЈО

ВМРО-Народна партија уште од самиот почеток ја поддржа идејата за формирање и функционирање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), меѓутоа, заради избрзаниот и недоволно подготвен Закон за специјално јавно обвинителство кој беше донесен од Собранието на РМ и неусогласеноста на истиот со Уставот на Македонија, се создаде невидена конфузија и забуна во одредени стручни кругови од областа на правото, информираа денеска од ВМРО-НП.

ВМРО-Народна партија ги смета за неоправдани, непринципиелни и недолични ултимативните притисоци од одредени кругови врз Уставниот суд на Република Македонија, за изјаснување за уставноста на постоењето на СЈО.

-„За надминување на овој проблем ВМРО-Народна партија предлага Собранието да донесе амандмани што ќе станат составен дел на Уставот на РМ, со кои ќе се потврди уставноста на СЈО и други пропратни институции. Без ова интервенција, сите правни дејствија ќе бидат прогласени за неуставни, затоа што во Уставот јасно стои дека Јавното обвинителство и судовите се единствени и со закон е забрането формирање на други“, соопшти ВМРО-НП.

Партијата бара сите политички партии во Собранието едногласно да ја подржат оваа уставна иницијатива, како во случајот при донесувањето на Законот за СЈО.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com