HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ се согласува со сите предлози на СДСМ – каков ќе биде исходот од разговорите?

ВМРО-ДПМНЕ се согласува со сите предлози на СДСМ – каков ќе биде исходот од разговорите?

ВМРО ДПМНЕ ги прифаќа предлозите на СДСМ – пред малку изјави лидерот на владејачката партија, кој за кусо излезе од средбата на четирите партии која се уште е во тек во Клубот на пратениците. Предлогот на СДСМ за главен уредник на информативната програма на МРТВ да биде именувана Санта Аргирова е прифатлив за ВМРО-ДПМНЕ.

Според Груевски, овој предлог на опозицијата е знак дека партијата нема волја да се реши кризата поради тоа што на ова место се предлага личност која, според Груевски е политички определена личност. Но и покрај тоа, тврди Груевски, неговата партија сака да им го одземе можното алиби на СДСМ за одложување на изборите и токму од таа причина ВМРО-ДПМНЕ одлучила да го прифати овој предлог.

Груевски рече исто така дека од истите причини, за да нема СДСМ алиби за одложување на изборите, ВМРО-ДПМНЕ одлучила да ја прифати методологијата за медиумите предложена од СДСМ. Сега, според Груевски, останува на албанските партии и на СДСМ да се договорат за петтиот член на ад хок телото за медумите. Со тоа, вели Груевски, патот е избори е отворен и се зависи од Заев, Ахмети и Тачи бидејќи ВМРО-ДПМНЕ се согласил на сите предлози. Од ДПА пак, велат дека нема да учествуваат во изборот на петтиот член на ад хок телото и за нив единствен гарант за фер и демократски избори останува меѓународната заедница.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com