HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ жестоко реагира за притворот на Талески

ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагира за притворот на Талески

Откако судот го изрече првиот домашен притвор за функционер на ВМРО-ДПМНЕ партијата не престанува со жестоките реакции. Тие дури сега критикуваат дека судот подлегнал на политички притисоци, а дека Владимир Талески кој е во домашен притвор е еден од најдобрите градоначалници во Македонија.

– Вчера бевме сведоци на тоа како под силен, бескрупулозен, бесрамен и јавен притисок на СДСМ судиите потклекнаа и донесоа одлука која не е базирана, на закони и факти и нема никаква врска со реалната состојба, со почитувањето на правдата и законите , туку служи за дневно-политички потреби на неуспешните политики на СДСМ насочени против сопствениот народ и институциите на државата, беше изречено на прес конференцијата на пратеникот Зоран Илиоски во Битола.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com