HomeАНТИСТРЕСЖуркиВлезниците за Д ФЕСТИВИВАЛ со супер попусти за најбрзите 1000 посетители

Влезниците за Д ФЕСТИВИВАЛ со супер попусти за најбрзите 1000 посетители

 

 

Фестивалот кој секоја година се одржува под отворено небо го најави своето шесто по ред издание, кое и оваа година повторно ќе се одржува во Дојран почнувајќи од 15 до 17 јули. За најбрзите посетители се организира специјална продажна цена на така наречени earlybird влезници по многу поволни цени. Оваа продажна акција на овие карти по поевтина цена ќе биде ограничена.

Продажбата на earlybird влезниците ќе започне од 13 април, а ќе се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс, каде што најбрзите купувачи ќе можат да ги набават тридневните фестивалски влезници по цена од 600 денари или пакет влезниците кои вклучуваатфестивалска и камп влезница, по цена од 800 денари. Имено, оваа продажна акција е наменета само за најбрзите 1000 купувачи кои ќе имаат прилика да ги купат билетите со скоро 50% попуст, но и да го осигураат своето место во кампот на Д ФЕСТИВАЛ заштедувајќи речиси 70% од цената за камп влезниците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com