HomeДЕНЕШНАЕкономијаВладата ќе се задолжи 650 милиони евра со еврообврзница

Владата ќе се задолжи 650 милиони евра со еврообврзница

Ново големо задолжување планира македонската влада која преку еврообврзница ќе се задолжи за дури 650 милиони евра од странски доверители, пред се банки и инвестициски фонови и брокери.

Според информациите на Ројтерс веќе се планираат повеќе средби со банките „Citigroup“, „Deutsche Bank“, „Erste Group“ и „Societe Generale“. Претставници од македонската влада треба и да се сретнат со инвеститори од Обединетото кралство и САД на 11 јули.

Одлуката за ова скапо задолжување е објавена и во Службен весник, а средствата ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com