HomeДЕНЕШНАЕкономијаВладата позајми 25,3 милиони евра од домашните кредитори

Владата позајми 25,3 милиони евра од домашните кредитори

Владата од домашните кредитори позајми 25,3 милиони евра иако првично, со проектите на министерството за финансии планот беше да се земе заем од 17,1 милион евра. Парите се обезбедија преку продажба на државни записи и обврзници со рок на доспевање од десет и петнаесет години.

Заклучно со првата половина од годинава, вкупниот јавен долг изнесува 4,2 милијарди евра или 45,3 отсто од БДП и во вториот квартал во однос на привиот, тој се намалил за 0.7 процентни поени. Бруто надворешниот долг на крајот од март изнесувал 70,9% и ова е едно од највисоките нивоа во последните 12 години.

Според овој критериум Македонија веќе е во групата на високо задолжени економии. Утре, по основ на доспеани обврски, владата на домашните кредитори треба да им врати 21,2 милиони евра со што, по денешното задолжување во буџетот е создаден нов долг од 4 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com