HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата не презема вина за скратувањето на европската помош

Владата не презема вина за скратувањето на европската помош

Владата на Република Македонија не чуствува вина што државата го загуби пристапот до фондовите за помош и развој ИПА на Европската Унија во вредност од 27 милиони долари кои се скратени поради одолговлекувањето на политичката криза. Напротив, власта ја обвини СДСМ за оцрнување на државата со бегањето од избори.

„Не станува збор за санкции туку за намалување на програмските средства. Има два аспекти – внатрешен и надворешен. Внатрешниот е поврзан со фактот дека повеќе од една година лебдеше спроведувањето на избори. Во тој период институциите беа политички хендикепирани преку блокирачки механизми во неколку клучни министертства вклучително и министерството за финансии“, соопштија од Владата.

Ова е само прва остра мерка на Европската комисија која се уште притиска да се изнајде решение за политичката криза каде клучот секако го има власта со моќта која располага и во институциите и во политичкиот процес.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com