HomeАНТИСТРЕСЕкимВкусни намирници ја успоруваат Алцхајмеровата болест – еве кои

Вкусни намирници ја успоруваат Алцхајмеровата болест – еве кои

Конзумирањето на црвено вино и црно чоколадо може да ги забави последиците на Алцхајмеровата болест, тврдат научниците. Експертите од Медицинскиот центар при Универзитетот „Џорџтаун“ утврдиле дека причина за тоа е ресвератролот, природен спој кој може да се најде во некои видови храна, како што во грозјето, виното, малините и црното чоколадо.

Нивното истражување покажало дека оваа состојка го забавува менталното пропаѓање кај пациенти кои се заболени од Алцхајмерова болест.

Тие претпоставуваат дека ресвератролот ја намалува способноста на штетните имуни молекули да продрат во ткивото на мозокот, оштетен од воспалението што го предизвикува Алцхајмеровата болест. Научниците веруваат дека оштетувањата се предизвикуваат со насобирање на абнормални протеини кои ги оштетуваат и уништуваат невроните.

Новата студија сугерира дека имуните молекули можат да предизвикаат воспаление во крвта која доаѓа до мозокот преку крвно-мозочната бариера, но ресвератролот ја јакне таа бариера и го намалува нивото на протеините кои ја „пробиваат”. Со самото тоа ги запираат штетните воспалени молекули да влезат во ткивото на мозокот.

Во истражувањето биле користени специфични молекули од цереброспиналната течност кои се земени од учесници кои се болни од Алцхајмерова болест.

Учесниците биле поделени во две групи, од нив 19 користеле плацебо, а 19 цела година биле третирани со ресвератрол во количества еднаква на 1.000 шишиња црвено вино. Пациентите кои користеле ресвератрол имале за 50 отсто помалку протеини кои ја пробиваат крвно-мозочната бариера.

Откритијата се претставени на Меѓународната конференција на здруженија на болни од Алцхајмер, која е одржана во Торонто.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com