HomeДЕНЕШНАЕкономијаВистинскиот основач на Bitcoin го откри своето лице по силниот притисок

Вистинскиот основач на Bitcoin го откри своето лице по силниот притисок

Зад псевдонимот Сатоши Накамото кој се смета за основач на дигиталната виртуелна валута Bitcoin долги години се ширее различни теории, па сега конечно можеби мистеријата е разрешена. Од сенка излезе Крег Врајт, австралиски иноватор и претприемач кој за BBC News откри дека тој e всушност вистинскиот основач на Bitcoin во 2008-та.
craig wright bitcoin

Според Крег псевдонимот Накамото е одбран бидејќи станува збор за јапонски трговец од 17-от век кој се залагал за слободен пазар и отворена трговија, слично како амбицијата на Bitcoin да ја замени актуелната монетарна и фискална политика со сосема нов вид на платежно средство.

За да го поткрепи своето тврдење го употреби дигиталниот клуч од првата трансакција и приложи повеќе докази и сведочења од првите корисници. Крег за BBS News посочи дека е ставен под огромен надворешен притисок поради ширењето на неточни теории и приказни и дека ова му е прво и единствено интервју пред камера.

 

Главниот мотив да се открие себеси е да ги заштити своите блиски, пријатели и вработени од големите притисоци, како и од заканата на австралиските даночни власти кои водат истрага. Други извори и истражувачки центри пак, се спротиставуваат на тврдењата на Крег и не веруваат дека тој е всушност „Сатоши Накамото“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com