HomeАНТИСТРЕСЖуркиВистинска техно забава в петок со техно дуото Pan-Pot на Средно Водно

Вистинска техно забава в петок со техно дуото Pan-Pot на Средно Водно

Win Music Freedom забавите ги продолжуваат во Скопје на Средно Водно со најмодерното техно дуо PAN-POT, овој петок, 16ти септември, започнувајќи од 22 часот па се до утринските часови.

Овој берлински состав кој во 2014 година ја основа и започна да издава под своја етикета Second State, а претходно беше дел од Mobilee на Anja Schneider, за првпат ќе настапи во Македонија со свој сет. Досега ремикс нивните траки имаат направено Carl Cox, Joseph Capriati, Nicole Moudaber, Alan Fitzpatrick, а нивни најголеми нивни хитови се „Confronted” и „Captain My Captain”.

Домашна поддршка ќе бидат Бодан Јамакоски од 22.00 до 23.00 часот, веднаш по него Ана Мало до полноќ и DJ Vaso од 04.00 до 05.00 часот, а пред Pan-Pot ќе настапи и Jehonë по полноќ, која ни доаѓа од Приштина, Косово.

Билетите се во продажба низ продажната мрежа на MK Tickets, а истите може да се купат и во Излет Кафе, Кино Карпош и Радио Бар по цена од 400 денари (првите 300 карти), потоа цената е 500 денари од билет, а на врата истите ќе чинат 600 денари.

Се гледаме на овој петок, 16-ти септември на Средно Водно!

Pan-Pot

Pan-pot е едноставна функционална скала што ја контролира левата и десната оска од стерео сферата, корисна но невпечатлива: mobilee’s Pan-pot е сосем нов исказ, дуо чијашто умешност во аудио принципите им овозможува да ја превртат конвенционалноста, тргнувајќи ја функционалноста настрана додека се впуштаат во длабоките необележани води од скроз црното техно.

Од нивниот почеток во 2005, Pan-pot доминанираат со своето присуство во модерното техно, искачување што се гледа во подемот на нивната музичка куќа со самиот врв на електронската музика. Самопрогласувајќи се за „мрачната страна на силата“, Pan-pot ги стопија умовите, ги испревртеа перцепциите и внесоа нова енергија низ подиумите со нивниот опоен специфичен звук; како својствен дел од нивната работа се суптилните високи манипулации што ги потиснуваат спектар саунд дисторзиите, мрачниот тропот од 4/4 е смирен со интрикативниот звучен дизајн и минималистичната конструкција надополнета со одекнувачките бас линии, импресивни градации и мрачни хаотични мелодии.

Tassilo Ippenberger и Thomas Benedix се запознаа на берлинскиот институт SAE и нивните студии за продукцијата и манипулацијата на звукот им помогна да ја идентификуваат доминантната звучна естетика на Pan-pot. Дуото се договори со Anja Schneider за една забава со лош крај во 2005, но несреќните околности помогнаа да се создаде среќна поврзаност со Schneider и со нејзиниот тогашен почетнички белег врз mobilee. За неколку недели, одвај второто издавање на mobilee беше официјалното деби на Pan-pot, „Copy and Paste“. Стабилното стримање на оригинални траки и ремикси што следуваше на mobilee и Einmaleins ја одбележа непоколебливата поврзаност на дуото кон прецизни, брановидни и кинетички шаблони.

tehno-zabava-vodno2

Одлучувачкиот момент во кариерата на Pan-pot се случи во 2007 кога го издадоа нивниот дебитантски албум, Pan-O-Rama. Соодветно именуваната лонгплејка понуди поглед на техното од 360 степени во неговата најиспревртена форма, врамнотежјувајќи ја мрачната мистичност со леснотија на допирот и создавајќи го истакнатиот хит „Charly“. Неодамна, „Confronted“ и „Captain My Captain“ го прикажаа нивниот класичен, силен и правовремен продукциски стил, претставувајќи ги како најпостојаните растурачи на техно на пазарот.

Pan-pot се неисцрпно трудољубиви и бескрајно инвентивни. Кога тие не се во студиото и не пишуваат оригинален материјал или не ремиксаат траки со разноразни артисти, тогаш тие се на турнеја. Нивните диџејски сетови откриваат длабоко разбирање на потребите на подиумот и тие не се ограничени со граници, пресекувајќи го техното, хаусот и сè што е измеѓу.

Pan-pot можеби го зедоа своето име од неисклучителен елемент од студиската опрема, но што се однесува до нивната музика, тие наново ги запишаа замислите за форма и функција преку нивниот сопствен карактеристичен јазик; еднаш штом ги искусите колосалните опседнувачки звучни елементи на Pan-pot никогаш нема да ги заборавите. Нивната визија, страст и љубовта кон музиката продолжува да ги турка Pan-pot – и целиот тим на mobilee – во сето она што тие продолжуваат да го прават и во сето она што ќе дојде.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com