HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВисоките температури би можеле да предизвикат одложување на некои натпревари во Примера!

Високите температури би можеле да предизвикат одложување на некои натпревари во Примера!

Натпреварите од првата шпанска фудбалска лига би можеле да бидат одложени овој викенд поради високите температури во оваа земја. Претседателот на Примера Хавиер Тебас изјави дека поединечни натпревари можеби нема да се одиграт доколку температурите бидат превисоки. Тој за шпанските медиуми изјавил дека „фудбал не може да се игра на 36 или 37 степени целзиусови“.

Во Шпанија овој викенд се очекуваат исклучително високи температури, а оваа недела во поединечни градови температурата се искачи и до 40 степени. Тебас изјавил дека судиите биле задолжени неколку пати да го прекинуваат натпреварот со цел фудбалерите да се напијат вода.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com