HomeДЕНЕШНАСветВил Смит и Ленокс Луис ќе го испратат Мухамед Али во вечноста

Вил Смит и Ленокс Луис ќе го испратат Мухамед Али во вечноста

Холидувскиот актер Вил Смит и британскиот боксер Ленокс Луис ја добија честа да бидат меѓу оние кои ќе го носат ковчегот со телото на Мухамед Али на неговиот погреб во петок. Вил Смит беше номиниран за наградите Оскар и за Златнен глобус токму за улогата на Али во истоимениот филм од 2001 година и ќе биде меѓу осуммината кои ќе го носат ковчегот на боксерсата легенда.

Покрај Смит и Ленокс, ковчегот ќе го носат и роднините на Али, Џон Грејди и Џон Вадел, неговиот внук Ибн Али, поранешен зет Комави Али, семејниот пријател Џон Ремзи, како и поранешниот спаринг партнер на боксерската легенда Џери Елис.

lennox-lewis-muhammad-ali

На јавната комеморација која ќе биде оддржана во родниот град на Али, Луисвил се очекува да присуствуват илјадници лица. На комеморацијата ќе се обратат претседателот на Турција, Реџеп Такип Ердоган и крал на Јордан, Абдула Втори, додека поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон ќе изведе псалма, тврдат организаторите.

Неговата вдовица Лони Али, ќерката Маум Али и комичарот Били Кристал исто така, ќе присустуваат на оваа комеморација. Безбедноста ќе биде на највисоко ниво. Али ќе биде погребан според исламските обичаи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com