HomeДЕНЕШНАСветВикиликс ги пушти документите за власта на Ердоган, илјадници мејлови на увид

Викиликс ги пушти документите за власта на Ердоган, илјадници мејлови на увид

Викиликс и покрај силните хакерски напади започна со објавување на околу 300 илјади мејл пораки од комуникацијата на членовите на Партијата на правдата и развојот со која раководи актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган и сметаат дека ќе демаскираат многу важни работи.

„Првиот дел од документите вклучува 762 електронски адреси, започнувајќи од буквата А до буквата I и содржат 294.548 електронски пораки заедно со илјадници додадени фајлови“, соопштија од Викиликс. Линк за содржините може да се најде на Твитер профилот на Викиликс, а ќе следуваат и многу владини документи во наредниот период.

Електронските писма се замени од „akparti.org.tr“, главниот домен на Партијата на правдата и развојот. Најновата порака е со датум 6-ти јули 2016 година, а најстарата е датирана од 2010 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com