HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ бега од регуларни, фер и демократски избори

(Видео) Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ бега од регуларни, фер и демократски избори

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред денешната средба на политичките партии кажа дека според она што се случуваше во изминативе 2 месеца и новите барања коишто беа измислени во последните 10­тина дена, станува јасно дека ВМРО­ ДПМНЕ бега од регуларни, фер и демократски избори, бега од Пржинскиот договор, бега од спроведување на се она што беше ветено и во текот на минатата и во текот на оваа година. ­

„Не би сакала да влегувам во конкретни предлози, иако во изминативе 10 дена имаше многу. Меѓутоа според она што се случуваше во изминативе 2 месеца и новите барања коишто беа измислени во последните 10-тина дена станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ бега од регуларни, фер и демократски избори, бега од Пржинскиот договор, бега од спроведување на се она што беше ветено и во текот на минатата и во текот на оваа година. Заради тоа им беше потребно да ги менуваат законите коишто се однесуваат на министерот за внатрешни работи и заради тоа им е потребно да ги проблематизираат сите работи коишто беа затворени уште во 2015-та година.

Ние сметаме дека на Македонија час поскоро и требаат фер и демократски избори. Заради тоа во целиот овој преговарачки период баравме решенија, а не отворавме нови прашања и така ќе продолжиме и понатаму.На граѓаните им треба разврска на кризата, ама на граѓаните им требаат реални, вистински, фер и демократски избори, а не уште едни криминални избори“, рече Шекеринска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com