HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Шарената револуција го блокираше влезот во Битола

Видео: Шарената револуција го блокираше влезот во Битола

Шарената револуца продолжува низ Македонија. Денеска, граѓаните на Битола го блокираа влезот на градот од страна на Охрид. Ова беше најавено уште вчера како одоговор на кривичните пријави кои ги добија учесниците во „Шарената револуција“ поради боењето на општинската зграда.

Протестите во Битола со кои ја осудуваат аболицијата се главно усмерени против градоначалникот на градот, Владимир Талевски кој е еден од осомничените од страна на СЈО, за случајот „Транспортер“. Според доказите, осомничени за криминал со превозот на ученици се градоначалникот на Битола, претседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, директори на основни и средни училишта, како и превозници кои ја потпишувале и наплаќале двојно повисоката сума за превозот која ја креирала општина Битола преку Талевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com