HomeДЕНЕШНАСветВидео: Хаварија на пристаниште – Крузер предизвика цунами при првото запловување

Видео: Хаварија на пристаниште – Крузер предизвика цунами при првото запловување

Компанијата која го изгради огромниот крузер „Карнивал Виста“ го прецени пристаништето или го потцени крузерот. Имено, при првото свое запловување од пристаништето Нетуно во гратчето Месина на Сицилија, крузерот тежок 130.000 тони предизвика мало цунами и го уништи целото пристаниште. Пропелерите на моторот предизвикаа големи бранови, нанесувајќи штета од неверојатни 280 илјади долари. Со оглед на фактот дека компанијата вложила 780 милиони долари за овој крузер, нема да и биде тешко да ја надомести штета. За среќа, нема човечки жртви, па можат мирно да спијат дека никој нема да заврши во затвор.
Еве како изгледаше тоа снимено од пристаништето:

А еве и снимка од огромниот крузер. Патниците не можат да поверуваат што остават зад себе.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com