HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВидео: Убиено младо момче во Гостивар по банална расправија

Видео: Убиено младо момче во Гостивар по банална расправија

Дваесет и четири годишен гостиварец, синоќа починал откако бил застрелан со еден куршум во стомакот. На трагичниот исход му претходела расправија со едно лице околу наводен сообраќаен прекршок. За случајот повеќе детали се очекуваат во текот на денот, откако јавен обвинител ќе ги заврши истражните активности кои почнале синоќа со увидот.

Според очевидци, трагичниот настан се случил на улицата „Седек Костовски“ во близина на поранешниот Жито Шар околу 22 часот. Наводно, 24 годишникот возејќи се со автомобил „голф“ застанал пред возилото на осомничениот за убиството и почнале расправија. Во расправијата биле испукани повеќе куршуми, а еден завршил во стомакот на помладиот возач.

По ранувањето, бил пренесен во гостиварската болница, а оттука на скопските клиники, каде им подлегнал на повредите. Од СВР Тетово потврдија дека осомничениот за убиство, синоќа сам се предал во гостиварската полициска станица каде е задржан.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com