HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Тепачка и пцовки во црногорското собрание

Видео: Тепачка и пцовки во црногорското собрание

Инцидент во црмогорското собрание. За малку ќе беше истепан премиерот Мило Ѓукановиќ од страна на пратениците на Демократскиот фронт на Бранко Радуловиќ и Јанко Вучиниќ. Седницата беше прекината кога пратениците на Демократскиот фронт почнаа да извикуваат „Мило, лопове“ кога на говорницата излезе црногорскиот премиер. Ѓукановиќ наместо да ја смири топката, им возврати „Браво, кретени“. Иако потоа беше прогласена пауза, Радуловиќ од местото на потпретседател на собранието со недолични зоборови почна да го навредува премиерот и да се тегне кон него, а Ѓукановиќ повторно ја предизвика ситуацијата со „Дојди, дојди“. Радуловиќ му врати: „Молчи, идиоту еден“. Инцидентот траше уште кратко, но пратениците и обезбедувањето успеаја да ја смират ситуацијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com