HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) Тевдовски: Минималната плата ќе ја зголемиме на 12.000 денари и ќе важи за сите

(Видео) Тевдовски: Минималната плата ќе ја зголемиме на 12.000 денари и ќе важи за сите

„Платите на многу работници во Македонија не ги покриваат ни неопходните трошоци за живот, а тоа е посебно забележливо овде во Штип и веднаш да кажам – ние тоа ќе го промениме“, рече Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија и член на Извршниот одбор на СДСМ.

Тој најави дека кога неговата партија ќе дојде на власт, тие ќе определат минимална нето плата од 12.000 денари во 2017 година, која ќе важи и за текстилната и кожената индустрија.

„За да нема отпуштања вработени, ќе се обезбеди фонд за поддршка на животниот стандард за вработените во текстилната и кожената индустрија, којшто ќе покрие значаен дел од покачувањето на платата, а контролата за исплата на минималната плата, покрај Инспекторатот за труд, ќе ја врши и Управата за јавни приходи”, рече Тевдовски во Штип.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com