HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Тасос во пламен – две села евакуирани

Видео: Тасос во пламен – две села евакуирани

Две села се евакуирани на Тасос, каде избувнале четири пожари. Како што јавуваат грчки медиуми, постои опасност пожарот да се прошири и на поголеми населени места. Според досегашните јавувања, евакуирани се селата Принос Казавити и Свети Пантелејмон. Во гаснење на пожарите учествуваат 106 пожарникари од Кавала и од Елефтерупол со 37 возила. Тасос е популарна туристичка дестинација и за македонските граѓани. Засега, според јавувањето на грчките локални медиуми, нема директна опасност за местата на крајбрежјето.




Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com