HomeДЕНЕШНАСветВидео: Снајперисти масакрираа полицајци во Далас, страв од нови напади

Видео: Снајперисти масакрираа полицајци во Далас, страв од нови напади

На мирниот протест во Далас против полициската бруталност и убивањата на афро-американци, најмалку четворица снајперисти отворија оган и убија петмина полицајци, а ранија уште шестмина, како и една жена цивил која најверојатно се нашла во вкрстен оган.

Снајперистите биле добро позиционирани и утврдени, па престрелката низ центарот на Далас личеше на вистинска војна, а има и една експлозија, најверојатно од импровизирана направа.

dalas policija4

Еден од снајперистите дури шест часа преговарал со полицијата и им пренел дека крајот се ближи и ќе ги убива еден по еден, како и дека се поставени експлозиви низ целиот град.

dalas policija2

По силната размена на оган снајперистот се самоубил, Вториот и третиот снајперист се застрелани од специјалците СВАТ, додека пак четвртиот најверојатно е притворен. Претходно уште три лица беа приведени од полицијата со сомнение дека се вмешани.

dalas policija3

Самиот начин на делување на снајперистите укажува дека имаат воен тренинг, дека се добро координирани и имаат тактички знаења.

dalas policija1

Црниот проповедник Џеф Худ кој ги организираше протестите вели дека одговорот на црнечкото население на полициската бруталност треба да биде ненасилство, а снајперистите само ги довеле во опасност луѓето кои и онака се небезбедни.

Градоначалникот Ралинг соопшти дека голем дел од градот ќе биде целосно блокиран од страна на безбедносните служби за да се спроведе истрага и да се осигура областа од можни нови напади, како и потенцијални судири.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com