HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Се појавија големи китови кај Ровињ – им се заканува насукување

Видео: Се појавија големи китови кај Ровињ – им се заканува насукување

Гостите на туристичките бродови во Ровињ во вечерните часови доживеале несекојдневна глетка, јавува Regional Express. Имено, во близина на бротчињата кои пловат на панорамска пловидба и често среќаваат делфини – се појавил кит. Китот од 12 метри го снимиле шокираните набљудувачи, а потоа снимката ја објавиле и на ЈуТјуб.

Подоцна стигнала и потврда за воочување на група од три китови, најверојатно од видот познат по латинското име “Physeter macrocephalus”. Овие китови се жители на подлабокиот дел на јужниот Јадран, а пливаат на длабочина поголема од 1.000 метри. Длабочините во северниот Јадран не се големи, така што сигурно станува збор за единки кои се дезориентирани и се обидуваат да го пронајдат патот во длабоко море. Доколку не го најдат патот, им се заканува опасност од закотвување и повреди. Во меѓувреме биле потврдени дојавите за појавата на овие китови, поточно три.

Институтот за истражување и заштита на морето, “Plavi svet”, синоќа известил дека по пат на својата Фејсбук страна од семејството Келер добил фотографија од група најмалку три китови снимени на подрачјето пред Ровињ.

“Во случај да ги забележите, ве молиме да направите фотографија или видео-снимка од животните и да ја забележите точната локација, насоката на движење и времето кога сте ги виделе. Информациите за китовите јавете ни ги на броевите на телефон на Институтот “Plavi Svet””, гласи објавата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com