HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) Се отвори уште една дупка во Кина – пешаците пропаѓаа во неа

(Видео) Се отвори уште една дупка во Кина – пешаците пропаѓаа во неа

Секоја седмица некаде во Кина се отвора земјата и од никаде се појавува огромна дупка. Во некои случаи има и жртви. Слично беше и  вчера во Ланџоу.

Снимката покажува како пешаците безгрижно шетаат околу 15 часот. Меѓутоа, одненадеж се појави голема дупка и неколку луѓе пропаднаа. Пропаднаа и два мотора. За среќа, повредени се само две лица, а спасени се благодарение на минувачите и пожарникарите.

Дупката достигна должина од десетина метри, а длабока е речиси два метра.

Поради подземните води и неконтролираното копање на септички јами и бунари, низ Кина во многу градови, вклучувајќи ја и престолнината Пекинг, се отвораат дупки во земјата.

Исто така, утврдено е дека делови од Пекинг, посебно во централниот бизнис-дистрикт, тонат секоја година за 11 сантиметри.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com