HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) СДСМ: Целосно укинување на екстерното, а не ново усложнување

(Видео) СДСМ: Целосно укинување на екстерното, а не ново усложнување

Екстерното оценување, наместо дополнително да се усложнува треба целосно да се укине, порача денеска на пресконференција Васко Ковачевски, пратеник од СДСМ.

„По сите штетни последици кои ги нанесе на образованието со екстерното оценување ВМРО-ДПМНЕ почна да се повлекува. Со новите законски решенија ВМРО-ДПМНЕ не сака и не може да ги поправи штетите кои ги нанесе. Само се обидуваат да ги ублажат последиците по нивниот рејтинг. Решенијата со кои се менува терминот на примена на екстерното оценување и чудното решение оценките од екстерното да не влезат во општиот успех се само привидно прикривање на проблемот. Учениците, родителите, професорите се жртви на нелогични, контрадикторни прашања и мегаломански пропагандни тестови со кои власта на Груевски ги лечи сопствените фрустрации“, вели тој.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com