HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) СДСМ: Ревизорот откри и сомнителни три милиони евра во аферата – чистење канали

(Видео) СДСМ: Ревизорот откри и сомнителни три милиони евра во аферата – чистење канали

-„Власта на Груевски не само што делела и исплаќала субвенции на сомнителен начин, туку и огромни суми пари преку програмата за рурален развој на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица за чистење канали“,- обвини денеска Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ на пресконференција.

„Вкупната исплатена сума на овој начин, што ја наведува ревизорот во најновиот извештај е близу 3 милиони евра !

Скандалозно е што парите за наводно исчистени канали ги добивале лица или фирми, само врз осова на барање и документација, без притоа овластени контролори на Платежната агенција да ја проверат на терен фактичката состојба и да направат и достават Записник. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој била должна согласно закон пред да исплати пари, да ја утврди состојбата на терен. Ревизорот јасно констатира дека не се вршеле контроли и пред одобрување на барањата што е нова можност за злоупотреби – едно да е наведено во барањето, друга да е ситуацијата на терен.

Она што е дополнително скандалозно е што нема евиденција колку пати биле одобрувани пари за еден проект од програмата за рурален развој. Ревизорот предочува дека е можно за едни исти проекти да биле исплатени двојно пари, односно постоел ризик за двојно финанисрање на проекти кои се веќе финансирани од други извори и институции !

Кои се тие лица или фирми што добиле бизниси за чистење канали во земјоделството и се чувствувале толку сигурни и моќни за да им бидат исплатени суми, без да подлежат на контроли и процедури според законите?!

Фактите водат кон послушници на Никола Груевски.

Обелоденив, како дополнителен заменик министер за земјоделство, дека близу половина милион евра завршиле во фирма на коалицискиот партнер на Груевски и медиумски послушник Љубисав Иванов Ѕинго, чиј син е газда на телевизија Сител – и тоа токму за тендер за чистење на канали за одводнување и наводнување и токму во 2014 година, што е предмет на анализа на ревизорот. За овој случај како што знаете поднесов и Кривична пријава и се води истрага.

Во тој случај станува збор за околу половина милион евра. Дали фирмата на Ѕинго, Силекс Неметали, е една од оние што добиле од сомнителните близу 3 милиони евра и кои се другите?

Бараме, надлежните институции веднаш да отворат истрага по наодите на ревизорот и да се открие во чии џебови и сметки завршиле околу 3 милиони евра пари на граѓаните“, рече Николовски на денешната пресконференција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com