HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиВидео: Русин пешачел 20.000 километри да стигне до Рио на ОИ

Видео: Русин пешачел 20.000 километри да стигне до Рио на ОИ

Сергеј Лукјанов од Русија пропешачил 18.270 километри за да дојде во Рио де Жанеиро на Олимписките игри. Тој на својот пат поминал низ повеќе континенти, а во просек секој ден поминувал помеѓу 50 и 60 километри. Неговото патување трае веќе 17 месеци.

– Во просек се движам по 50 до 60 километри на ден. Секако дека уште од мали нозе имав желба да го посетам Рио де Жанеиро. Читав книги и гледав слики за градот којшто уште на прв поглед ме воодушеви, изјавил Лукјанов.

Сергеј на своето патување тргнал од Санкт Петербург, на 1-ви април минатата година. А на својата авантура минал низ Кина, Казахстан, Виетнам, Лаос, Тајланд, Малезија и Сингапур, кадешто се качил на авион и одлетал во правец кон Јужна Америка, па така го минал Атлантскиот океан. После тоа слетал во главниот град на Чиле, Сантијаго, од кадешто повторно продолжил да оди во правец кон Рио.

Патот го навел и до Аргентина и Уругвај. Рускиот пензионер не би услеал да направи ваков зафат кога не би биле тука волонтерите коишто му помогнале за да го оствари својот сон и да помине толку голем пат – пешки. Некои му донирале авионска карта, некои му помогнале за полесно да добие виза, а и во секое место кадешто правел пауза имал каде да преспие и да јаде.

Лукјанов и не е само обичен пензионер. Тој е многу познат во Русија и како рекордер во одење на 100 километри, а таа дистанца ја има поминато пешки повеќе од 150 пати во својот живот. Русинот планира да остане во Бразил сè до 18-ти август, бидејќи би сакал да исполни уште еден свој сон, а тоа е да ја запознае фудбалската легенда на Бразил, Пеле.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com