HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВидео: Рок звездата Мит Лоф колабира на среде концерт

Видео: Рок звездата Мит Лоф колабира на среде концерт

Рок звездата Мит Лоф вчера колабирал на сцената во Едмонтон, Канада за време на неговиот концерт. 68-годишниот пејач претходно се пожалил на болки, но одбил да го откаже концертот, иако во средата го откажал настапот во Калгари.

Марвин Ли Адау како што е вистинското име на Мит Лоф, долго време имал здравствени проблеми, но не сакал да откажува настапи. Вчера додека ја пеел песната I’d Do Anything for Love (But I Won’t Do That) наеднаш се фатил за градите и паднал на бината. Веднаш притрчал тимот од обезбедувањето кои му дале прва помош, а потоа дошла и првата помош. Пејачот е пренесен во болница и ставен на интензивна нега.

Многумина од присутните на концертот помислиле дека се работи за сценски настап, бидејќи Мит Лоф е познат по неговите необични перформанци. Во 2003 година, тој истотака се струполил на сцената за време на концерт во Лондон и во 2011 на концертот во Питсбург и тогаш му е дијагностицирана астма

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com