HomeГИГА БАЈТХај текВидео: Ременот станува повеќе од моден додаток – Welt ве предупредува ако се прејадете

Видео: Ременот станува повеќе од моден додаток – Welt ве предупредува ако се прејадете

Ременот станува повеќе од моден додаток. Имено, сега постои ремен кој штити од прејадување и ви дава увид во вашата физичка активност во текот на денот.

Проектот WELT оживеа на Kickstarter, а доби поддршка и од Samsung. Станува збор за модерен ремен, но со сензори за следење на струкот, внесувањето на храна и здравите навики во исхраната. Напреднатата технологија во ременот може да го следи бројот на чекори во текот на денот, како и времето поминато во седечка положба.

Сите информации можат да се видат со помош на апликација инсталирана на смартфон. Батеријата на ременот се полни како смартфон, а трае повеќе од 20 дена. Со негова помош корисниците ќе можат да видат колку се зголемил нивниот обемот на нивиот стомак по јадењето. Модерен и паметен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com