HomeДЕНЕШНАСветВидео: Путин „нападнат“ од згодни невести, сите сакаат селфи со претседателот

Видео: Путин „нападнат“ од згодни невести, сите сакаат селфи со претседателот

Владимир Путин, претседателот на Русија, вчера беше во центарот на вниманието на сите собрани на Црвениот плоштад во Москва. Имено, Москва слави 869 години од основањето и во таа прилика се одржуваат бројни манифестации. На Црвениот плоштад одржан е концерт, а на граѓаните им се обрати и претседателот Путин. Голем број на луѓе побрзаа да се фотографираат со претседателот, а големо вниамание предизвикаа убавите девојки во венчаниците кои со него направија интересни селфи. Путин не одби ниту еден граѓанин кој сакаше да се слика со него.

Прославата секоја година се организира на почетокот на септември, а роденденот на главниот град на Руската Федерација го обележаа бројни традиционални свечености, концерти, интерактивни содржини, огномети. Случувањата од бројните плоштади и улици се следеа од домовите на интернет преку градскиот ситем видеонадозр „Сликата во град“.„Московјани, ви го честитам денот на саканиот град. Ви благодарам на вашиот напор, стрпливост, способност и талент, нашиот град живее и се развива“, напиша градоначалникот на Мосва Сергеј Собјанјин на својот „Твитер“ налог.
putin-selfi

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com