HomeДЕНЕШНАСветВидео: Полицајци убија Афроамериканец – Америка повторно протестира

Видео: Полицајци убија Афроамериканец – Америка повторно протестира

Полицајци во Луизијана убија црнец за време на расправија пред продавница во главниот град на американската сојузна држава Батон Руж, што предизвика нови протести поради насилството над Афроамериканците. Според резултатите од аутопсијата, 37-годишниот Алтон Стерлинг умрел вчера од повеќе прострелни рани во градите и грбот, пренесува Асошиејтед прес.

Полицијата реагирала на анонимен повик од лице кое кажало дека човекот кој продава музички дискови му се заканува со пиштол. Еден од двајцата полицајци кои одговориле на повикот, по расправија, пукал во осомничениот, соопшти полицијата. Двајцата полицајци се суспендирани по инцидентот.

Сопственикот на продавницата изјави дека првиот полицаец употребил тејзер, додека другиот полицаец го нападнал Стерлинг. Додека тој се обидувал да се одбрани, вториот полицаец пукал во него „четири до шест пати“. Според него, Стерлинг немал пиштол во раката во моментот на пукањето, но видел дека полицајците извадиле пиштол од неговиот џеб откако го убиле.

Денеска во државата Луизијана се одвиваат масовни протести. Демонстранти ги поплавиле улиците на Батон Руж, во знак на револт за полициската бруталност и за убиство на уште еден афроамериканец. На социјалните мрежи се појави снимка од инцидентот која предизвика голем гнев кај Американците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com