HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Повредени македонски полицајци и мигранти во вчерашниот хаос на јужната граница, денеска мирно

Видео: Повредени македонски полицајци и мигранти во вчерашниот хаос на јужната граница, денеска мирно

Денеска мирно на јужната граница. По бурниот вчерашен ден, кога над 3.000 мигранти ја нападнаа границата, билансот на повредени припадници на македонските сили изнесува 23, меѓу кои петмина потешко. А според Доктори без граници, најмалку шестмина мигранти и бегалци биле хоспитализирани.

Во вчерашниот обид за нарушување на македонска територија учествуваа над 3.000 мигранти од кампот во Идомени. Цело време грчката полиција ги набљудуваше случувањата и не интервенира за прекин на немирите. Ова се вели во официјалното соопштение на македонското МВР по повод обидите за нарушување од грчка на македонска земја на неколку илјади мигранти во вчерашниот ден. При инцидентите се повредени 14 полицајци и 9 вработени на армијата. Три полициски и пет воени автомобили се со сериозни материјални штети.

4759122

Во организацијата на заштитата на македонската граница учествувале полицајци и офицери од Австрија, Унгарија, Чешка, Словенија, Хрватска и Србија, кои се наоѓаат на територијата на Република Македонија. Властите во Скопје нагласуваат дека нападите врз оградата на македонско-грчката граница продолжиле неколку часа.

Грчката полиција воопшто не интервенирала. Во невообичаено острата изјава Јоргос Кирицис, портпарол на координаторите за миграција во грчката влада оцени дека употребата на сила од македонската полиција бил „опасен и жален чин“.

Грција се обидува да ги исчисти и другите диви кампови на нејзина територија до крајот на овој месец. Сепак, планираната депортација на над 6,5 илјади мигранти од грчките острови е суспендирана, бидејќи грчките власти се соочија со огромен број баратели на азил.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com