HomeГИГА БАЈТХај текВидео: Повеќе нема да ви се крши телефонот од каде и да ви падне

Видео: Повеќе нема да ви се крши телефонот од каде и да ви падне

Повеќе нема да ви се крши телефонот од каде и да ви падне. Новата генерација на заштитно стакло за телефони и таблет компјутери од Corning, Gorilla Glass ќе може да го заштити телефонот и од падови од 1,6 метри во 80 отсто од случаите. Демонстрацијата за новинарите беше пад на телефонот од 1,6 метри врз парче шмиргла. Дел од испитаните телефони издржале и по 20 падови.

„Секоја следна генерација на Gorilla Glass јa поместува границата на технологијата за заштита на ново ниво. Gorilla Glass 5 не е исклучок, ја зголемува предноста која ја имаат телефоните кои ја користат заштитата на Corning пред конкуренцијата. Најголем дел од падовите на телефони се случуваат од висина помеѓу рамото и џебот на корисникот. Знаевме дека подобри перформанси при падови се важен и непоходен напредок“, вели Џон Бејн од Corning.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com