HomeДЕНЕШНАСветВидео: Пиза се исправи против изградба на џамија

Видео: Пиза се исправи против изградба на џамија

Стотици жители на италијанскиот град Пиза организираа протест преку кој ги повикаа своите сограѓани да потпишат петиција против планираната изградба на џамија. Џамијата треба да биде изградена на само 400 метри од главната туристичка и историска атракција на градот – Кривата кула во Пиза.

„На петицијата веќе собравме голем број потписи. Пред каква било понатамошна изградба на џамии, мора да се донесе закон со кој ќе се регулира дејствувањето на џамиите и имамите“, додаде Сантанке, која ја искористи приликата да ги повика Италијанците да „застанат и да се борат за својот национален идентитет“, како и за „гордоста на постоењето на Италијанците, италијанските закони, традицијата и културата“.

„Мора да ја стопираме изградбата на нови џамии за да спречиме Италија да стане исламистичко предградие, што би водело кон губење на нашиот идентитет“, изјави шефицата на кампањата „Да им кажеме ‘не’ на џамиите“ и десничарска пратеничка, Даниела Сантанке.

„Не сме ние тие што шират омраза. Не ставаме ние бомби на аеродроми, во подземни железници, на места каде што младите луѓе слушаат музика. Омразата доаѓа од нивна страна. Ние Италијанците секогаш сме љубезни“, истакна таа.

Информациите за тоа дека градскиот совет на Пиза одобрил изградба на џамија на 400 метри од Кривата кула се појавија во италијанските медиуми во почетокот на август.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com