HomeАЈНШТАЈНИЈААтласВидео: Овој човек го врати животот во пустините, само со лопата

Видео: Овој човек го врати животот во пустините, само со лопата

Јакуба Савадого е инвентивен африкански фармер кој последните 30 години постојано патува низ пустините и се обидува да ги оживее. Савадого е човек кој се посветил на тоа пустините повторно да ги направи шуми, односно плодно место за развој на растителниот свет.

covekot_koj_uspeal_da_ja_sopre_pustinata-2.jpg

Неговите единствени алатки се лопатата и цврстото убедување дека сè може да се промени на подобро, а неговите резултати се доказ дека неговите алатки се успешни. Во `80-те ужасна суша го зафатила Сахеловиот појас во Африка, уништувајќи го целото зеленило пред себе. Голем дел од плодната земја се претворила во пустина која ги принудила повеќето жители да се преселат, но Јакуба останал.

covekot_koj_uspeal_da_ja_sopre_pustinata-3.jpg

Не знаел да чита, ниту да пишува, па не можел да употреби модерни алатки и техники, едноставно продолжил со античката африканска техника позната како „zai“ каде семето го засадува во дупка полна со компост и чека на дождливата сезона. Планот на Јакуба успеал, а неговата приказна станала дел од документарен филм познат како „The Man Who Stopped the Desert“. Денес неговата техника сè уште се практикува ширум Африка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com