HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Нов терористички во Истанбул, 10 мртви во два самоубиствени напади на аеродром

Видео: Нов терористички во Истанбул, 10 мртви во два самоубиствени напади на аеродром

Десет луѓе се убиени, а најмалку 40 се повредени во два самоубиствени напади што вечерва се случија на главниот аеродром во Истанбул, Кемал Ататурк – јавуваат локалните медиуми.

Турскиот министер за правда соопшти: „Според информациите со кои располагам, имаме 10 загинати и најмалку 20 повредени. Еден од терористите на меѓународниот терминал прво пукал од калашњиков, а потоа се разнел, изјави министерот Бекир Боздаг. Според него двајца напаѓачи се разнесле во аеродромската зграда, пред да го поминат рентген системот за безбедност. На паркингот пред аеродромот се слушнале и истрели од автоматско оружје, а патници објавија видео на кое се гледа како присутните бегаат барајќи засолниште во зградата.

Телевизијата Хабертурк објави и дека кон полицијата биле фрлени рачни гранати по што било пукано кон напаѓачите. Една од експлозиите се случила на терминалот за внатрешен сообрачај, додека другата на мешународниот терминал. Околу аеродормот се мобилизирани голем број амбулантни возила.

Турција изминатиот период беше мета на неколку напади поврзани со курдски милитантни групи или радикали од Исламската држава.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com