HomeДЕНЕШНАСветВидео: Новинар разнесен со бомба во центарот на Киев

Видео: Новинар разнесен со бомба во центарот на Киев

Угледниот руски новинар Павел Шеремет, родум од Минск, кој последните пет години престојуваше во Украина и како истражувачки новинар работеше за онлајн изданието на весникот Украинская правда, е убиен утрово во експлозија на бомба во автомобил во центарот на украинската престолнина Киев.

Павел Шеремет се возел во службениот автомобил на сопствениот на весникот кога автомобилот бил разнесен од силната експлозија, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Гарашченко.

Според очевидци, се слушнала силна експлозија и тие виделе дека таа се случила под автомобилот, кој останал изгорен на среде улица. Шеремет бил веднаш изнесен од возилото, медицинската помош стигнала на местото многу брзо, но не успеале да го спасат новинарот.

Од полицијата изјавија дека Шеремет бил убиен со бомба на далечинско управување. „Нема сомневање дека причината е експлозија од експлозивна направа поставена од сторителите… Очигледно, експлозивната направа била длечински управувана или со тајмер“, изјави Герашченко за телевизијата 112 Украина.
pavel sermet
Според првичните сознанија на истрагата, моќноста на експлозивната направа била од 400 до 600 грама тротил. Полицијата веднаш отворила истрага за делото „убиство со умисла“. Челничката на Националната полиција на Украина, Хатија Деканоидзе вети дека ќе бидат преземени сите чекори за да се најдат убијците на новинарот Павел Шеремет.

„Во шок сум, не знам што да речам, прашање на чест на полицијата е да го истражи овој случај. Тој беше првиот кому му дадов интервју. Беше многу добар новинара…“, изјави Деканоидзе за новинарите.

Трагичната смрт на Шеремет предизвика реакции од многу украински политичари и речиси сите се уверени дека причина за ова убиство е професионалното ангажирање на новинарот.

Шеремет покажа во текот на летото на 1997 година со својот тим шверцери кои лесно ја сечат белоруско-литванската граница. Сите беа уапсени и обвинети од властите за нелегално преминување на границата, учество во заговор и „надминување на професионалните права на новинарот“. Во ноември истата година Шеремет беше еден од потписниците на Повелбата 97 – повик да се прекине со погазувањето на човековите права во неговата татковина. Тој беше и портпарол на движењето, кое стои зад овој манифест.

Три години подоцна неговиот оператор Дмитриј Завадски, исчезна без трага. Шеремет изјави дека според негови извори „одреди на смртта“ поддржани од владата стојат зад исчезнувањето и смртта на луѓе кои и се спротиставуваат. Во 2003 година Завадски беше прогласен за мртов. Тој имаше само 27 години.

И основачот на Украинская правда, Гоергиј Гонгадзе беше истражувачки новинар кој беше убиен пред 16 години. Неговото обезглавено тело беше пронајдено во шума близу Киев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com