HomeФЕР ПЛЕЈФаулВидео: Новата реклама на Пежо ги налути Србите – Зошто мајката на Ѓоковиќ не зборува српски

Видео: Новата реклама на Пежо ги налути Србите – Зошто мајката на Ѓоковиќ не зборува српски

Првиот светски рекет сними реклама за Пежо. Рекламата е направена специјално за отворањето на Роланд Гарос и во неа го гледаме малиот Ѓоковиќ кој едноставно не е талентиран за виолина, но некако случајно во неговиот живот долетува тениско топче и му ја покажува неговата вистинска пасија во животот.

Одлична идеја, но со една грешка, изборот на актерка која ќе ја глуми мајката на Ѓоковиќ. Ако подобро ја слушнете мајката во видеото, ќе забележите дека не само што не го владее јазикот, туку и дека воопшто не се подготвила за улогата. Ова предизвика реакции на социјалните мрежи, а нашите соседи прашуваат: Зошто мајката на Новак не зборува српски.

По ова дури и мајката на Ѓоковиќ негативно реагираше што воопшто не се консултирале со семејството.

„Кампањата веќе е објавена, а не се консултираа со нас, мислам дека ќе беше подобро да го направат тоа…“ – вели Немања Живојновиќ, маркетинг директорот на Euroimpex Autogroup, генералниот застапник на Peugeot автомобили.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com