HomeАЈНШТАЈНИЈАДосие XВидео: НЛО над Мајами – Теориите на заговор во криза

Видео: НЛО над Мајами – Теориите на заговор во криза

Низ социјалните мрежи викендов се прошири спектакуларно видео снимено на аеродромот во американскиот град Мајами. За појавата што се гледа на видеото веднаш почнаа шпекулации дека се работи за „неидентидикуван летечки објект“ (НЛО). Видеото предизвика голема дебата на социјалните мрежи околу постоењето живот на други планети, наводна посета на вонземјани или нивна подготовка за инвазија на Земјата, а секако во дикусиите се вклучија и неизбежните поддржувачи на теориите на заговор.

Сепак на крајот, сите тие останаа разочарани, бидејќи, како што наведува „Дејли Мејл“, се утврди дека „сината трага на небото“ всушност ја оставила ракетата „Атлас“, кој тогаш била лансирана од вселенскиот центар „Кејп Кенеди“ на Флорида.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com