HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Невреме во Кичево – Поплавен патот за Охрид, возилата се пренасочуваат

Видео: Невреме во Кичево – Поплавен патот за Охрид, возилата се пренасочуваат

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд и грмотевици вечерва го зафати кичевскиот регион. Главната сообраќајница во градот која е дел од магистралниот пат Кичево-Охрид е под вода, а повеќе возила се заглавени велат очевидци за OhridNews. Поради отежнатите услови и големата количина вода на коловозот, сообраќајната полиција ги пренасочува возилата кои сообраќаат кон Охрид по алтернативни патишта. Граѓани информираат дека кај Кичево е формирана колона од возила, која се движи полека, но сообраќајот не е запрен.

Од Управата за хидрометеоролошки работи за Сакам Да Кажам велат дека го предвиделе денешното невреме и известиле за тоа на нивната страница на Фејсбук, а писмено и усно го известиле и Центарот за управување со кризи.

„Во Кичево имаше 10-минутен пороен дожд, кој престана да врне пред еден час. Поплавена е дива населба, која нема атмосферска канализација. Според правилата, прва реагира локалната власт, која ако не може да се справи сама, бара помош ЦУК. Од ЦУК не беше побарана помош“, ни потврди Надица Вучкова, портпарол на Центарот за управување со кризи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com