HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Невреме во Загреб, поплавени делови од градот

Видео: Невреме во Загреб, поплавени делови од градот

Главниот град на Хрватска синоќа беше зафатен од невреме проследено со силен ветер, поројни дождови и град, кое траеше околу половина час. Како што јави порталот Индекс, обилните дождови предизвикаа поплави на повеќе улици, но и во подрумите и приземните домови во повеќе делови на градот.

Веднаш по невремето на социјалните мрежи почнаа да се објавуваат фотографии од поплавените делови на Загреб и од последиците од невремето. Хрватските медиуми јавија дека слично невреме во доцните попладневни часови го погодило и реонот на градот Вировитица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com