HomeДЕНЕШНАСветВидео: Најмоќниот нуклеарен мразокршач спуштен во вода

Видео: Најмоќниот нуклеарен мразокршач спуштен во вода

Нуклеарниот мразокршач „Арктик“, главен брод на Проектот 22220, беше спуштен во вода во петербуршкиот Балтички завод, со што заврши најважната фаза од изградбата. Проектот ќе заврши во декември 2017 година, иако неговото пуштање во употреба беше предвидено за порано.

„Арктик“ е најголемиот нуклеарен мразокршач во светот. Должината на бродот е 173,3 метри, ширината 34 метри, има депласман од 33,5 тони, додека екипажот се состои од 75 лица. Нуклеарниот мразокршач ќе биде опремен со два реактора. Главен извор на пареа ќе биде погонскиот систем РИТМ-200 со моќност од 175 мегавати.

На случувањето присуствуваа и претседателот на горниот дом на руската Дума, Валентина Мативенко, рускиот вицепремиер, Димитриј Рогозин и познатиот руски поларен истражувач, Артур Чилингаров.
arktika 1:

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com