HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Наместо достоен одговор, Каракамишева се закани дека ќе повика полиција

Видео: Наместо достоен одговор, Каракамишева се закани дека ќе повика полиција

Неколку стотици студенти денеска ја бојкотираа наставата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, изразувајќи незадоволство кон претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, како и незадоволство кон приведените демонстранти, меѓу кои се наоѓаат и членови на Студентскиот пленум.

Студентите и дел од новинарите се упатија и кон кабинетот на професорката Татјана Каракамишева за да побараат мислење за одлуката на Иванов, но наместо достоен одговор тие добиле закана дека ќе пристигнат полициски службеници. Исто така, професорката го извадила својот мобилен телефон и снимала со истото образложение дека се` ќе биде средено од полицијата.

Извор: ТВ Нова

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com