HomeФЕР ПЛЕЈФаулВидео: Масовна тепачка и во Ница, локални хулигани нападнале навивачи

Видео: Масовна тепачка и во Ница, локални хулигани нападнале навивачи

Наместо спортски дух, агресија низ цела Франција. Европското првенствокое требаше да биде вистински спектакл се повеќе е во сенка на големите инциденти кои се случуваат надвор од теренот. По масовната тепачка во Марсеј, хулиганството стигна и до Ница.

Локални хулигани ги нападнале навивачите на Северна Ирска, а според некои медиуми и оние на Полска. И тука има и приведени и повредени лица со што слободно може да се каже дека дуелот меѓу Ирците и Полјаците кој се игра денеска од 18 часот ќе биде во втор план.

Во изминативе денови француската полиција мака мачи со навивачите на Англија и Русија во Марсеј каде има неверојатни случувања, големи пресметки, повредени што е навистина фрапантна глетка за вакви собири особено на стариот континент. Според последните податоци, билансот на оваа пресметка е 31 повреден од кои четворица се наоѓаат во тешка состојба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com