HomeАНТИСТРЕСГурман(Видео) Летен десерт: Чоколадни чинии за сладолед кои се јадат

(Видео) Летен десерт: Чоколадни чинии за сладолед кои се јадат

Ова видео ќе ви покаже како да направите интересни чоколадни чинии со шарени трошки во кои можете да го послужите сладоледот на сосема нов и поинтересен начин.

Сигурни сме дека вашите гости  ќе бидат воодушевени, не само од вкусот туку и од изгледот на вашиот десерт.

Состојки:

4 мали балони
150 g чоколадо за готвење
1 пакување шарени трошки

Начин на подготовка:

1. Надувајте ги балоните до саканата големина.

2. Стопете го чоколадото на пареа и тргнете го од оган. Почекајте малку да се олади и ставете еден од балоните во садот така што ќе го вртите балонот додека не ја добиете саканата големина на чинијата.

3. Во друг сад истурете ги шарените трошки и откако ќе го натопите балонот во чоколадо ставете го во чинијата со шарени трошки.

4. Повторете ја постапката со сите балони и ставете ги во фрижидер најмалку 1 час да се оладат и зацврстат.

5. Извадете ги балоните од фрижидер и внимателно пукнете ги. Во секоја чинија од чоколадо додадете неколку топки сладолед и прелејте со чоколадо.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com