HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Крштевка во Дојранско езеро… Никој не се плаши од забраната за капење

Видео: Крштевка во Дојранско езеро… Никој не се плаши од забраната за капење

Семејството Здравевски од Гевгелија денеска го крстија нив син Александар во водите на Дојранското езеро. Велат идејата била заедничка со свештеникот, а се родила уште при крштевката на нивното второ дете. Тие не се плашат од тоа што велат дека водата е загадена.

Забраната за капење на неколку плажи на дојранското крајбрежје беше донесена пред неколку дена од страна државниот санитарен и здравствен инспекторат. Одлуката седуваше откако последните анализи покажале дека водата во езерото на 4 места е загадена, а бактериолошката и хемиска неисправност била од 3 степен. На ваквото решение реагираа од општина Дојран и најавија дека ќе побараат дополнителни испитувања. Вчера, хемичар за Позитив.мк објасни што значи извештајот. Тој објасни дека во извештајот се вели: поради алгите кои се наоѓаат во езерото, растот на патогените бактерии е речиси целосно оневозможен.

Видеото е позајмено од веб порталот на Канал 5.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com