HomeДЕНЕШНАСветВидео: Кејот во Фиренца пропадна, проголтани 20-тина автомобили

Видео: Кејот во Фиренца пропадна, проголтани 20-тина автомобили

Земјата проголта околу дваесетина возила во центарот на Фиренца, откако утринава дојде до пропаѓање на земјиштето на една од пофреквентните улици во градот. Како што јавија италијанските медиуми, поради уривање на потпорниот ѕид се одронил дел од шеталиштето во широчина од седум метри и должина од околу 200 метри, меѓу познатиот мост од 14-от век Понте Векио и мостот Понте але Грацие.
firenca1
Претставник на локалните власти информира дека при инцидентот нема жртви, но дека се оштетени 20-тина автомиобили кои биле паркирани на шеталиштето. Дел од возилата завршиле во водите на Арно. Противпожарната служба соопшти дека уривањето на ѕидот и на шеталиштето било предизвикано од водата кој истекла од една пукната водоводна цевка.

Градските власти на Рим, пак, апелираа до приватни компании од земјата и странство да помогнат во финансирањето на обновувањата на стотиците древни споменици по коишто е познат во светот Вечниот град.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com