HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Катица Јанева на МТВ – „Најколегијалниот“ колегиум, спинот и новинарството

Видео: Катица Јанева на МТВ – „Најколегијалниот“ колегиум, спинот и новинарството

Во текот на вчерашниот ден се дигна вистинска фама за интервјуто на Катица Јанева на јавниот сервис. Всушност, фама за немонтираното интервју. Додека за новинарите нема ништо спорно во читањето и тремата на специјалната обвинителка, за оние кои очигледно никогаш не направиле интервју, ова беше бламажа. Новинар во ова интервју не гледа ништо срамно затоа што секој ден прави интервјуа со секакви соговорници и со секакви тремаџии. Тремата е нормална работа за луѓе кои не работат во медиумите и кои ретко се појавуваат во јавност. За нарачаните прашања, нека кажат колегите „новинари“ кој политичар не им побарал прашања, а за владините претставници кои се појавуваат во медиумите подобро и да не разговараме. Ова со читањето оди дотаму што во штабот на ВМРО ДПМНЕ има наместено „идиоти“ за претставниците на владејачката партија да изгледаат како погледот да им е вперен во камерите кога читаат на прес конференција. Можеби МТВ можеше и на Јанева да и ги обезбеди истите услови како што си ги обезбедиле претставниците на владејачката партија.

Катица Јанева има трема пред камерите. Но, нејзината работа не е пред камерите, туку во обвинителство. Затоа немонтираното интервју, за новинарите е интервју како и со секој втор соговорник. Имено, срамот не паѓа на обвинителката и на новинарката која одлично си ја работи работата. Срамот паѓа на оние кое се обидоа на нечесен начин да ја дискредитираат обвинителката, почнувајќи од „кртот“ кој ја изнел снимката, преку оној кој се осмелил да објави туѓ материјал (украден од јавниот радио дифузер), па се до оние кои со спинувани и навредливи (пред се за самиот „медиум“) наслови ја бомбардираа интернет јавноста. Секако да не го заборавиме колегиумот, кој наместо да го осуди чинот на крадење и објавување авторски материјал на државната телевизија, го искористи моментот да ја дискредитира новопоставената уредничка Санта Аргирова. Браво „колеги“, штотуку станавте „најколегијалниот“ „колегиум“.

Немонтираното интервју можете да го погледнете овде, на каналот на медиумот кој првично го објави.

По „пучот“ во МТВ, беше прочитано и извинување до обвинителството и јавноста. Најавија санкции за непрофесионалните вработени во телевизијата и се оградија од нападите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com